116
Екипата на Бенфика славеше на гостувањето кај Црвена Звезда (1-2) во првото коло од Лигата на шампионите.
Со двата гола во првото полувреме португалскиот тим стекна висока предност која подоцна ја одбрани. Особено ефектен беше вториот погодок кој го постигна Оркун Кокчу.
Турскиот фудбалер погоди директно од слободен удар, а тоа секогаш ја крева еуфоријата во тимот и носи „лудо“ славје. Така беше и во Белград, соиграчите на Кокчу и целата клупа скокнаа и славеа.
Само еден човек мирно седеше и гледаше некаде во празно, тоа беше тренерот Бруно Лаж. 48-годишникот остана на своето столче и гледаше кон подот како ништо да не се случува…