Хајдук подготвува „бомба“: Преговара со Хрватот кој со успех работеше во калчото

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Хајдук Сплит тргна во ново поглавје со Никола Калиниќ како спортски директор, а се бара и нов прв тренер на тимот.

Хрватските медиуми објавија интересни информации. Како потенцијален тренер се споменува Иван Јуриќ, човекот кој цела кариера водеше италијански клубови. 48-годишниот стратег неодамна замина од клупата на Торино каде што седеше три години.

Доколку Хајдук успее да го ангажира Јуриќ, ситуацијата во хрватскиот фудбал може да се смени бидејќи сериозно ќе биде загрозен доминантниот Динамо Загреб.

Во својата кариера Јуриќ освен Торино ги водеше Верона, Џенова, Кротоне, Мантова и беше асистент во Палерми. Во 2017 година Иван Јуриќ беше поврзуван со Хајдук, меѓутоа имаше високи барања за плата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани