Фудбалерките на Германија освоија бронза на Олимписките игри (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерките на Германија ја освоија бронзата на Олимписките игри во Париз.

Во натпреварот за трето место Германија ја совлада Шпанија со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Гвин од пенал во 64. минута од натпреварот.

За Германија ова е втор олимписки турнир во последните осум години. На Олимписките игри во 2016 година славеа во финалето, додека во Токиот не беа во борба за медал.

Шпанија не успеа да дојде до олимпиското злато кое им недостасува во колекцијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани