Фалкао за малку ќе го загубел целото семејство, избегната е страшна трагедија во неговиот дом!

by riste
1 минути читање

Колумбиската фудбалска ѕвезда, Радамел Фалкао кој пред еден месец се врати во својата земја каде потпиша за Милонарес, во изминатиот викенд доживеал вистинска семејна драма која завршила со среќен крај.

Неговата сопруга Лорелеи Тарон и неговите пет деца, како и двајца родини биле во неговиот дом во Богота кога биле затруени со јаглен моноксид поради истекување на плин.

Само благодарение на брзата интервенција на собарката биле спасени и веднаш пренесени во болница.

„Имавме вклучено греалка и едноставно бевме затруени со јаглен моноксид. Работеше неколку часа и мислевме дека миризбата е нормална. Но, потоа миризбата засили и жената која ни помага за куќните обврски почна да ни вика дека мора веднаш да излеземе надвор. Излеговме надвор, затоа што мирисот беше неподнослив. Светот ми се сруши, децата плачеа. Сите почнавме да повраќаме и да имаме главоболки“, изјави сопругата на Радамел, Тарон.

Поради овој случај Фалкао не играше за својот тим изминатиот викенд, тој им се извинил на соиграчите и им ја објаснил целата ситуација.

Фалкао во својата кариера настапуваше за Ривер Плата, Порто, Атлетико Мадрид, Монако, Манчестер јунајтед, Челси, Галатасарај и Рајо Ваљекано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани