362
Жирона се пласираше во Лигата на шампионите, но има еден проблем поради кој е неизвесен нивниот настап во натпреварувањето.
УЕФА не дозволува ист сопственик да има два или повеќе клубови во исто натпреварување, а „Сити Фудбал Груп“ е газда и на Манчестер Сити и на Жирона.
Тие во Жирона имаат 47 проценти од акциите, според „Сан“, УЕФА ќе дозволи да настапат во Лигата на шампионите само доколку „Сити Фудбал Груп“ ја намали сопственоста под 30 проценти.
Тоа значи дека во меѓувреме треба да продадат најмалку 17 проценти од акциите кои ги имаат во Жирона.