243
По крајот на сезоната во Лигата на шампионите, УЕФА ги одреди индивидуалните награди за фудбалерите, а исто така и идеалниот тим во натпреварувањето.
Како големо изненадување се наметнува фактот дека во изборот го нема Килиан Мбапе. Французинот даде осум гола во дресот на ПСЖ сезонава и играше во полуфиналето, но предност пред него доби Фил Фоден кој во нападот се најде заедно со Хари Кејн и Винициус Жуниор. На голот е сместен Грегор Кобел, во одбраната се Матсен, Хумелс, Рудигер и Карвахал, додека на средината Сабицер, Витиња и Белингем.
Реал Мадрид го освои својот 15. трофеј во елитното европско натпреварување, па заедно со поразениот во финалето имаат по четири претставници во најдобриот тим.