351
Тијаго Силва денеска го одигра последниот меч за Челси, имаше големо испраќање и од соиграчите и од навивачите.
Бразилецот не само што одлично се вклопи во Челси, туку стана вистински лидер во тимот, го засака клубот и вети дека по крајот на кариерата би се вратил да работи на некоја функција.
Неговите деца тренираат во Челси, дел се од академијата и ќе продолжат да бидат таму без разлика што тој во наредните две години ќе игра за Флуминенсе во Бразил
По денешниот меч тој се заблагодари на сите во Челси и рече: „Мојот сон е да ги видам моите деца да играат за Челси. Ти благодарам Челси. Им благодарам на фановите. Ве сакам, чао чао“.