91
Стефан Ристовски одигра одличен натпревар во Лигата на шампионите, а неговиот Динамо Загреб го совлада Салцбург на гости со 0-2.
Македонскиот бек беше двоен асистент, ги намести головите на Сандро Куленовиќ и Бруно Петковиќ, а за тоа доби лично признание. Ристовски беше избран за играч на натпреварот во Австрија.
Исто така, тој се најде и во тимот на колото заедно со фудбалери како Барела, Реијндерс, Рафиња, Винициус Жуниор…