Со елиминацијата на Германија заврши една блескава кариера – од фудбалот се прости Тони Крос!

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата на Германија беше елиминирана од Шпанија на во четвртфиналето на Европското првенство со 2:1 по продолженија.

Освен елиминација за Германија овој натпревар значеше и крај на кариерата за легендарниот Тони Крос.

Крос уште пред првенството најави дека натпреварите во Германија ќе бидат негови последни во кариерата, па така со денешниот дуел завршува една блескава кариера во која Крос освои се што можеше да се освои.

Сепак, сигурно ќе жали што кариерата не ја заврши со европска титула на домашен терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани