3
Фудбалерите на Ливерпул се радуваа на победа против Реал Мадрид во Лигата на шампионите од 2-0, со погодоците на Алексис Мекалистер и Коди Гакпо.
По натпреварот, својот став го сподели тренерот Арне Слот. Тој нагласи дека е одлично да се порази тимот кој со години го мачи Ливерпул.
„Особено задоволство е да се игра против тим кој 15 пати ја освоил Лигата на шампионите. Реал со години му предизвикува болка на Ливерпул. Убаво беше да се види конечно како губи. Момците одиграа одличен натпревар“, прокоментира Слот.
На овој натпревар имаше и два нереализирани пенали, на Килиан Мбапе и Мохамед Салах.