192
Словенечкиот судија Славко Винчиќ е делегиран од страна на УЕФА за првиот полуфинален натпревар на Европското првенство.
На центарот на „Алијанц Арената“ во вторник од 21:00 часот ќе застане Винчиќ и ќе дели правда на пресметката меѓу Франција и Шпанија. Ова е огромна чест за Словенецот, откако пред околу еден месец судеше и во финалето на Лигата на шампионите меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.
Негови помошници ќе бидат Кланчник и Ковачиќ, а четврти судија е Кружлијак. Во ВАР собата ќе работат Кајтазовиќ, Валери и Ирати.
Се очекува веројатно утре УЕФА да го потврди и судијата за второто полуфинале во кое ќе се судрат Холандија и Англија во Дортмунд.