91
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ќе бара нов домаќин за финалето во Лигата на шампиони (ЛШ) во 2027 година, откако Милано се откажа од организација на мечот.
Милано не можеше да гарантира дека стадионот во 2027 година нема да се реновира и поради тоа беше донесена одлука УЕФА да бара нов организатор.
УЕФА соопшти дека новиот домаќин на финалето ќе биде соопштен во мај или јуни 2025 година.