Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе се судрат во второто полуфинале од Лигата на шампионите. Откако вчера Борусија Дортмунд го исфрли ПСЖ и се пласира во финалето, вечерва ќе биде познат и вториот патник за „Вембли“.
Првиот натпревар на „Алијанц Арената“ се одигра минатиот вторник и заврши со нерешени 2-2. Реал сега на домашен терен има шанса да заигра во ново финале и да се бори за петнаесетти трофеј во елитното европско натпреварување.
Шпанска „Марка“ откри какви премии се подготвени за фудбалерите ако дојдат до трофејот во Лигата на шампионите. Имено, Реал подготви суми од 1,4 милиони евра по играш, што е за 500.000 евра повисоко од премиите кои ги добија играчите во 2022 година за истиот успех. Во случај на успех и нова европска титула, Реал Мадрид ќе мора да подели околу 40 милиони евра премии.
Покрај тоа, дел од фудбалерите имаат и клаузули во договорите кои носат бонуси поврзани со Лигата на шампионите…