Пристигна демант: Нема преговори меѓу Салах и ПСЖ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Како бомба одекна шпекулацијата дека Мохамед Салах преговара со ПСЖ за бесплатен трансфер следното лето.

Сепак, вистина во овие информации нема, а демант пристигна директно од првиот човек на парижани. Насер Ал Келаифи го прокоментира поврзувањето со Салах, нагласувајќи дека клубот не работи на таков трансфер.

Не е вистина. Тој е фантастичен играч, ама да бидам искрен никогаш не сме размислувале за негов потпис. Знаеме дека секој клуб би сакал да го има, но последните шпекулации не се вистинити“, изјави Ал Келаифи.

Салах е во последната година од договорот со ПСЖ. Засега преговорите за продолжување на соработката не одат според плановите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани