271
Денеска англиските медиуми објавија дека тренерот Гвин Вилијамс кој дури 27 години помина во англиски Челси на различни позиции добил доживотна забрана за работа во фудбалот.
Казната за Вилијамс од страна на Фудбалската асоцијација на Англија била изречена уште во 2019 година, но дури сега е објавена во јавноста.
Причината за суспензијата на Вилијамс е расизам и малтретирање на млади фудбалери до 12 години и до крајот на животот тој нема да смее ниту една работа која е поврзана со фудбалот.
Во текот на кариерата во Челси Вилијамс имаше улога на скаут, тренер во младинските категории, помошник тренер, но и уште неколку други улоги.