Поради расистичкиот скандал на славјето на фудбалската репрезентација на Аргентина за освоената Копа Америка дојде и до бура на политичка сцена во оваа јужноамериканска држава.
Имено, откако одредени фудбалери славеа со расистичка песна за фудбалерите на Франција, алудирјаќи на нивното афричко потекло, член на администрацијата на претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи побара Меси како капитен да се извини.
Станува збор за Хулио Гаро кој ја извршуваше функцијата заменик секретар за спортски прашања, но место неговото барање да се исполни, доби отказ. Како што објавија од кандидатот на претседателот Милеи тој одлучи Гаро да биде сменет од позицијата.
„Кабинот на претседателот известува дека ниту една Влада не може на аргентинската репрезентација да и кажува што да коментира и што да прави. Тоа не можеме да го кажеме на континенталниот шампион, како ниту на било кој друг граѓанин. Од таа причина Хулио Гаро повеќе не е заменик секретар за спорт“, стои во соопштението.
Треба да се каже и дека Меси воопшто не е присутен кога Енцо Фернандез и уште неколкумина ја пеат навредливата песна.