178
Шпанскиот гигант Реал Мадрид постигнал договор со левиот бек Ферланд Менди за продолжување на соработката до јуни 2027 година.
Левиот бек на „кралевите“ ќе биде важен дел од планот на тренерот Карло Анчелоти за следната сезона, па поради тоа му беше продолжена соработката.
Во договорот меѓу Менди и Реал постои опција соработката да биде продолжена за уште една година доколку двете страни се задоволни.
„Кралевите“ со овој потег ги решија дилемите за левата бековска позиција, иако во изминатиот период се шпекулираше дека во клубот ќе дојде Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен.