Официјално: Иван Јуриќ доби отказ во најкраткиот тренерски ангажман во кариерата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Поразот од Болоња (2-3) му пресуди на Иван Јуриќ од Рома. Хрватскиот стратег го имаше најкраткиот тренерски ангажман во кариерата. Тој ја водеше Рома само 53 дена, откако седна на клупата во септември како наследник на Даниеле Де Роси.

Рома преку официјалниот сајт објави благодарност до Јуриќ и потврди дека во следните денови ќе донесе негова замена.

Сакаме да му се заблагодариме на Иван Јуриќ за работата во последните седмици. Се снајде во тешката средина со многу професионализам и за тоа сме горди. Му посакуваме среќа во иднина. Потрагата по нов тренер веќе започна и ќе ја објавиме нашата одлука во следните денови“, напишаа од Рома.

Ова не е првпат Јуриќ да има така краток ангажман во кариерата. Во 2018 година мина само 58 дена на клупата на Џенова.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани