Османи ги посочи причините за елиминацијата: Слован беше подобар…

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Струга го завршија својот настап во Лигата на шампионите, откако го загубија двомечот против Слован Братислава. На реваншот во Охрид стружани загубија со 1-2 од словачкиот фаворит.

По мечот на прес-конференцијата своите импресии ги сподели тренерот на тимот Ќатип Османи, кој кажа:

„Лошо влеговме во натпреварот, не игравме добро во позиционата игра. Тоа направи да изгледаме како на првиот меч кога примивме два гола по грешки. Не ги покривме добро линиите на средината и така падна првиот гол, а вториот беше казна од Слован. Ни недостигаше агресивност на овој меч, особено во првиот дел. Слован Братислава беше побрза и поагресивна од нас. Не знам како беа статистичките параметри, но во двата меча тие беа драстично подобри од нас. Тоа беа главните причини поради кои го загубивме двомечот. Му посакувам среќа на Слован во понатамошното натпреварување“.

Струга ќе го продолжи натпреварувањето во второто коло на Конференциската лига каде што ќе се судри со ерменски Пјуник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани