Бразилскиот фудбалер Лукас Пакета се соочува со сериозни обвинувања за обложува и ФА отвори постапка против ѕвездата на Вест Хем и репрезентативецот на Бразил.
Пакета е осомничен дека намерно добивал жолти картони во одредени натпревари. Бразилецот во првата изјава ги негираше обвинувањата.
„Изненаден сум и вознемирен бидејќи ФА одлучи да ме обвини. Девет месеци соработував во секој чекор од нивната истрага и им ги давав сите потребни информации. Ги отфрлувам сите обвинение и ќе се борам со сите силе да ја докажам вистината. Поради процесот кој е во тек нема да давам дополнителни коментари“, изјави Пакета.
Сепак, во медиумите на Островот се појавија и видеа од натпреварите. Пакета е обвинет дека намерно добивал жолти картони во натпреварите против Лестер (12-ти ноември), Астон Вила (12 март), Лидс (21 мај) и Бормут (12-ти август).