168
Пред номинациите за „Златната топка“ кои треба да бидат познати вечерва, „Франс Фудбал“ ги објави кандидатите за најдобар млад играч.
Сосема очекувано во групата најмногу се истакнува Ламин Јамал кој блескаше за Шпанија на Европското првенство и беше еден од најзаслужните што „Црвената Фурија“ стигна до титулата.
Заедно со Јамал во конкуренција се: Кубарси, Гарначо, Ѓулер, Конате, Мејну, Жоао Невес, Савињо, Тел и Зер-Емери. Mинатата година наградата ја освои Џуд Белингем.
Победникот наградата ќе ја прими на 28 октомври во Париз.