50
Навивачите на Баерн Минхен се решија за бојкот на натпреварот против Шахтјор во Лигата на шампионите.
Иако се очекуваше инвазија на навивачи во црвени дресови на Гелзенкирхен (каде што Шахтјор игра како домаќин), сепак тоа нема да биде така. Навивачката група „Südkurve“ повика на бојкот поради огромните цени на билетите кои ги постави домаќинот.
За еден билет на гостинскиот дел од стадионот навивач на Баерн треба да плати 105 евра, што е огромна сума и ги надминува правилата на УЕФА.
На пример, навивачите на Аталанта на истото гостување платија само по 28 евра, додека навивачите на Јанг Бојс по 31 евро за билет.