Мурињо го напушта Фенербахче за повторно да соработува со поранешните газди?

by Стефан
1 минути читање

Португалскиот стратег Жозе Мурињо би можел да се врати во Премиер лигата која од поодамна важи за негово омилено натпреварување.

Мурињо во овој момент го води турскиот гигант Фенербахче, но во јавноста се појавија информации дека интерес за неговите услуги покажува Евертон.

На клупата на Евертон во овој момент е Шон Дајч, а тимот игра променливо. Неодамна Ден Фридкин преку неговата компанија Фридкин Груп купи 94% од акциите на клубот и негов прв потег би можел да биде токму ангажман на Мурињо.

Понудата која била доставена наводно Португалецот не ја одбил и оставил простор за преговори. Мурињо со Фридкин Груп соработуваше и во Рома од каде што доби отказ минатата сезона, сепак остана во добар однос со газдите.

Евертон од друга страна во својата историја има и девет титули во Премиер лигата, но последниот го освои пред 36 години во 1988 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани