Фудбалерите на ПСЖ ќе ја дочекаат Борусија Дортмунд во реванш натпреварот од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.
„Милионерите“ го искористија домашниот терен и на својот „Сигнал Идуна Парк“ победија минимално на одушевување на „Жолтиот ѕид“. Единствениот погодок на мечот пред шест дена во Дортмунд го постигна Никлас Филкруг, кој доби одлична топка преку одбраната и рутински го матира голманот Донарума.
Сега на потег се „светците“. Тимот предводен од Луис Енрике се надева дека навивачите на „Паркот на принцовите“ ќе направат барем приближен пекол како тој во Германија, а тоа ќе помогне за позитивен резултат. ПСЖ имаше шанси за кои може да жали на првиот меч, особено за двете стативи во триесетина секунди на Мбапе и Хакими.
Килиан Мбапе и соиграчите мора да одиграат перфектно за да го пробијат германскиот бедем, ако не сакаат да доживеат полуфинална елиминација во елитното европско натпреварување. Пресметката во Париз се игра вечерва во терминот од 21:00 часот.