Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски денеска беше присутен на прес-конференцијата на Жирона по повод утрешниот натпревар од Лигата на шампионите против Штурм.
Жирона му гостува на Штурм Грац, а Миовски се надева дека ќе ја продолжија серијата на голови која почна преку Купот на Шпанија, па Лигата на нации и Ла Лига.
„Секој ден се обидувам да напредувам. Знам со каков квалитет располагам. Постигнав голови во купот, па со мојот национален тим и потоа против Еспањол. Многу сум среќен за моите први голови во лигата и исто така што беа на нашиот стадион каде се надевам дека ќе постигнам уште многу. Се надевам дека головите ќе ми дадат дополнителна сила“, вели Миовски.
„Сега сум повеќе поврзан со соиграчите. Фокусиран сум да им помагам на моите соиграчи и сите тие ми помагаат на мене за да ја прикажам мојата најдобра верзија“.