Миовски првпат одигра „90-ка“ за Жирона во поразот од Лас Палмас

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот репрезенативец Бојан Миовски првпат одигра цел натпревар за новиот клуб Жирона во Ла Лига.

Штипјанецот беше стартер и се задржа на теренот до самиот крај, но неговиот тим загуби на гостувањето кај Лас Палмас (1-0). Натпреварот беше решен со единствениот гол на Алекс Муњоз во финишот на првото полувреме.

Миовски не успеа да има учинок, всушност имаше една асистенција по која Ван Де Бек погоди, меѓутоа штипјанецот направи фаул во нападот и голот веднаш беше поништен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани