Фудбалерите на Барселона убедливо славеа на гостувањето кај Жирона со 1-4 (0-2), во натпреварот од петтото коло на шпанскаа Ла Лига.
Овој натпревар македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го проследи од клупата за резервни фудбалери. Штипјанецот втор меч во низа не доби шанса да заигра за Жирона, откако и во претходното коло пред репрезенативната пауза не играше против Севиља.
Околу натпреварот, во првото полувреме двоен стрелец беше Ламин Јамал за 0-2. Во вториот дел веднаш на стартот погоди Дани Олмо, а потоа стрела и Педри. До крајот на средбатат почесен гол за Жирона постигна Стуани, а црвен картон заработи Феран Торес.
Барселона и натаму е максимална, со 15 бода е лидер на табелата, а Жирона има седум на седмото место.