Миовски беше стартер во поразот на Жирона во Ла Лига

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски доби шанса од првата минута во тимот на Жирона, но неговиот тим загуби минимално (0-1) од Реал Сосиедад во 10 коло на Ла Лига.

Штипјанецот беше стартер, ја доби довербата од тренерот меѓутоа немаше можности да му помогне на својот тим. Миовски настапи од првата минута и беше заменет во 59. минута со искусниот Стуани.

Што се однесува до натпреварот, човек на одлука беше Микел Ојарзабал кој во 44. минута го постигна единствениот погодок на средбата.

Претходно во Ла Лига екипата на Атлетик Билбао славеше убедливо против Еспањол (4-1), додека Бетис со црвен картон победи како гостин кај Осасуна (1-2).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани