Маскерано: Ваков циркус немам видено во животот!

by riste
1 минути читање

Селекторот на олимписката репрезентација на Аргентина, Хавиер Маскерано не може да се помири со тоа како заврши натпреварот меѓу неговата селекција и Мароко.

Аргентинците добија 15 минути продолжение, дадоа гол во 106. минута за 2-2 и помислија дека се спасија од пораз. Но, по речиси два часа судијата ги врати фудбалерите на теренот, голот на Аргентина беше поништен поради офсајд и Мароко го доби мечот со 2-1.

Ситуацијата беше досега невидена на фудбалските терени, па Маскерано ја прокоментира во тој контекст.

„Ваков циркус досега немам видено во животот. Навистина не знам што да кажам, ова е неверојатно доживување за мене. Најголем циркус од натпревар, неповторливо чувство за нас“, рече Маскерано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани