198
79-годишниот Мирчеа Луческу ја прифатил понудата да биде селектор на романската репрезентација, неговата цел ќе биде пласман на Светското првенство.
Првите луѓе на романскиот фудбал инсистирале Луческу да биде нивниот нов селектор, тој ја прифатил поканата. Ова за него ќе биде и последна работа во фудбалот со оглед на годините.
Неговата месечна плата ќе биде 27.000 евра, а доколку успее да ја пласира Романија на Светското првенство, ќе добие и бонус од 200.000 евра.
Ова ќе биде вторпат Луческу да е селектор на Романија, претходно беше во далечната 1981 до 1985 година.