Ливерпул го победи Милан на Сан Сиро, Реал подобар од Штутгарт (ВИДЕО)

by riste
3 минути читање

Ливерпул со 3-1 славеше во дербито против Милан на Сан Сиро, Реал Мадрид со 3-1 го совлада Штутгарт.

Милан одлично го почна мечот, Пулишиќ постигна гол уште во третата минута за водство од 1-0.

Но, до крајот на првото полувреме росонерите примија два наивни голови од корнер, очајно се бранеа во шесанесетникот и дозволија пресврт.

Најпрво Конате погоди со глава во 23. минута за израмнување на 1-1.

На четири минути до крајот на првиот дел со глава реализираше и Ван Дајк за комплетен пресврт и водство на Ливерпул од 2-1.

Конечните 3-1 ги постави Собослаи во 67. минута од натпреварот.

Актуелниот шампион Реал Мадрид добро се испоти за да го добие дуелот со Штутгарт.

Во првото полувреме немаше голови на Бернабеу, но со самиот почеток на вториот дел Мбапе погоди по асистенција од Родриго за водство на Реал Мадрид од 1-0.

Штутгарт беше опасен во повеќе наврати во текот на мечот, а во 68. минута Ундав даде гол за израмнување на 1-1.

Тој резултат беше актуелен до 83. минута кога по нафрлување од Модриќ, Ридигер реализираше со глава за победа на Реал од 2-1.

Пред последниот судиски свиреж, по еден контра напад Ендрик ги постави конечните 3-1, негов прв гол во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани