20
Лаутаро Мартинез беше јунакот на Аргентина во победата над Перу (1-0) во квалификациите за Светското првенство.
Со ефектен волеј капитенот на Интер донесе предност на својата селекција и победа. Тоа за Мартинез беше 32 погодок во дресот со националниот грб и тоа во 72 натпревари.
Лаутаро со овој погодок се израмни со големата легенда Диего Армандо Марадона на по 32 постигнати гола.
На вечната листа водечки е Лионел Меси (112 гола), Габриел Батистута (55), а следни мети за Лаутаро ќе бидат Серхио Агуеро (41) и Хернан Креспо (35).