119
Екипата на Лил го совлада Реал Мадрид со 1-0 во второто коло од Лигата на шампионите. Францускиот тим одигра одлична партија против европскиот првак која ја круниса со три бода во елитата.
Камерите за време на еден прекин уловија интересна сцена и вербален дуел на Бафоде Диаките и Антонио Рудигер. Двајцата фудбалери беа близу еден до друг, лице во лице, а тогаш Французинот направи потег кој го понижи противникот.
Диаките се повлече и со раката направи гест сигнализирајќи дека на Рудигер му смрди здивот. Тоа дополнително го испровоцира Германецот, а мечот двајцата го завршија со по жолт картон.
diakite & rüdiger LMAOOO 💀💀💀 pic.twitter.com/LclUFRGiXD
— Bahadinho (@BVBahadir1907) October 2, 2024