Фудбалерите на Саутемптон успеаја да го добијат финалето на плеј-офот во Чемпионшип лигата против Лидс Јунајтед (1-0) и ќе се вратат во Премиер лигата на Англија.
Славиот клуб од „Сент Мери“ со погодокот на Адам Армстронг го реши ланскиот прволигаш и се радуваше на спектаклот на „Вембли“. Оваа победа вреди многу повеќе од само пласман во англиската елита.
Имено, премиите во плеј-офот на Чемпионшип лигата се вртоглави и победникот освои неверојатни 163 милиони евра. Причината за таквата сума е навистина добра, а тоа е тимовите кои доаѓаат од второлигашкото друштво да се засилат и да бидат на високо ниво за да конкурираат и на најдобрите.
Уште поинтересен е фактот дека победникот во плеј-офот на Чемпионшип лигата добива најголема премија во светот на фудбалот. Поради тоа за тој натпревар се вели дека е најскап на светот. За споредба, минатата сезона Манчестер Сити за освојувањето на Лигата на шампионите доби премија од УЕФА од околу 80 милиони евра, а оваа година Реал Мадрид или Борусија Дортмунд ќе заработат околу 85 милиони. Премијата за влез во Премиер лигата е речиси двојно поголема…