Добра вест за Милевски и Жирона, Миовски не е сериозно повреден

by 24 фудбал
1 минути читање

Најдобриот македонски напаѓач Бојан Миовски викендов се здоби со повреда на мечот со Леганес, го напушти предвреме и беше потврдено дека се работи за повреда.

Сепак, добри вести се дека Миовски не е посериозно повреден. Штипјанецот веднаш се враќа во комбинација за настап за Жирона. Тој е повикан за настап на дуелот против ПСВ Ајндховен во Лигата на шампионите, а потоа ќе биде во комбинација и викендов во Ла Лига.

По тие два меча Миовски ќе одговори на повикот на селекторот Благоја Милевски за последните натпревари во групната фаза на Лигата на нациите.

Ова се добри вести за Милевски и Македонија, бидејќи Миовски е меѓу најдобрите играчи на оваа генерација. Во ноемврискиот циклус ни следат два домашни меча против Летонија и Фарски Острови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани