Динамо сака да го искористи распадот на Бордо

by 24 фудбал
1 минути читање

Динамо Загреб би можел да си ја исполни една од големите желби од минатото лето, а тоа е доведувањето на Жан Випотник.

Словенечкиот центарфор беше дел од француски Бордо, меѓутоа овој клуб објави банкрот и започна процес на распуштање. Поради тоа, сите фудбалери на Бордо останаа без договори, па се слободни за да си пронајдат нова средина.

Еден од тие фудбалери е и Жан Випотник. Словенецот има 22 години и минатото лето за 2,7 милиони евра се пресели од Марибор во Бордо. Овој трансфер дојде откако Динамо и Марибор имаа долги преговори за Випотник, но не најдоа заеднички јазик.

Сега Динамо може да „профитира“ од распадот на славниот француски клуб…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани