123
Динамо Загреб го доживеа својот најтежок пораз во историјата на настапите во Лигата на шампионите откако со 9-2 загуби на гостувањето на Алијац Арена против Баерн Минхен.
Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар, а Аријан Адеми во игра влезе во 78. минута.
Баерн Минхен немаше милост за хрватскиот шампион, момците на Винсент Компани до врв ја наполнија мрежата на Динамо Загреб.
Хари Кејн даде четири голови, дури три од нив беа од пенал, Олисе постигна два, а по еднаш погодија Гереиро, Сане и Горецка.
Головите за Динамо Загреб беа дело на Петковиќ и Огивара.
На натпреварот во Лисабон, Спортинг со 2-0 го совлада Лил. Головите ги постигнаа Гиокерес и Дебаст.