Германците со во „црна серија“ на отворањето на големите натпреварувања – вечерва сакаат да ја прекинат!

by Стефан
1 минути читање

Вечерва со натпреварот помеѓу Германија и Шкотска во Минхен започнува Европското првенство во фудбал, а пред овој натпревар германските медиуми потсетија на една негативна традицијца.

Имено, „Панцерите“ биле поразени во првите натпревари на трите претходни големи турнири и се надеваат дека е време таа црна серија да се прекина. Германија не блескаше на последните големи натпреварувања, но јавноста ова првенство на кое што се домаќини го очекува со голем оптимизам и веруваат дека можат да бидат успешни.

Од друга страна Шкотска вечерва ќе се обиде да стигне до својата прва победа на европските првенства уште од 1996 година. Црната серија на водните натпревари за Германија започна на Мундијалот во 2018 година кога беа поразени од Мексико (1:0), потоа на Европското првенство во 2020 загубија од Франција (2020), додека на Светското првенство во Катар подобра од нив беше Јапонија (2:1).

Натпреварот вечерва започнува во терминот од 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани