353
Велшката икона Герет Бејл во разговор пред финалето на Лигата на шампионите доби интересна „задача“.
Тој требаше да одбере најголема легенда во историјата на ова натпреварување. Изборот му беше од 16 фудбалери, а тој реши да се одбере самиот себе.
Бејл по малку и на шега, во елиминациска битка се смести себеси на врвот меѓу легендите во Лигата на шампионите. Велшанецот се избра пред легенди како Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Џанлуиџи Буфон, Лука Модриќ, Андрес Иниеста, Серхио Рамос, Тони Крос…