Англискиот првак Манчестер Сити е во низа од пет порази во сите натпреварувања, резултат кој не се случил досега од преземањето оваа сопственичка структура. Новитет е тоа и за Пеп Гвардиола, кој е свесен дека тимот се наоѓа во тешка ситуација.
Пред дуелот со Феенорд во Лигата на шампионите шпанскиот стратег нагласи дека кој и да е ривалот, на Сити ќе му биде тешко.
„Мислам дека во овој момент, како и да се вика противникот за нас ќе биде многу тешко. Многу е тешко да се повторуваат успесите. Научив од искуството дека во вакви ситуации мора да бидете смирени. Не смеете премногу да анализирате премногу. Некогаш по поразите викам на тимот, а следниот ден ќе се покаам за тоа. Мора опуштено, да се обидам да ја вратам самодовербата на тимот. Мислам дека заслужуваме и малку трпение кога губиме“, изјави Гвардиола.
Средбата на „Етихад“ ќе биде шанса за Сити да ја прекине низата, иако како што кажува Гвардиола – нема да биде лесно.