Една од актуелните теми во фудбалскиот свет овој период е ситуацијата помеѓу Пари Сен Жермен и Килијан Мбапе.
Денеска беше објавена одлуката на комисијата во Лига 1 според која ПСЖ во наредните осум дена треба да му ја исплати сумата од 55 милиони евра од бонусот со клузулата за лојалност во неговиот договор.
Но, тука нема да заврши спорот помеѓу двете страни. Гиганатот од Париз и понатаму стои на ставот дека ништо не му должи на Мбапе и го најавија својот следен потег.
„Комитетот на лигата имаше лимитирано гледиште во овој случај и тоа е јасно. Поради тоа случајот треба да биде презентиран пред друга јурисдукција каде ќе имаме право да ги приложиме нашите докажи. Луѓето треба да ги дознаат фактите и тоа ќе се случи во наредниот период“, објави ПСЖ.