214
Германскиот „АРД“ пред Европското првенство објави анкеата во која 21% од 1.304 испитаници гласале дека во репрезентацијата треба да има повеќе белци.
„АРД“ излезе јавно со резултатите од анкетата по што следеа жестоки критики. Германците сметаат дека е срамно да се поставува такво прашање.
Јавно на таа тема зборуваа Џошуа Кимиј и Антонио Рудигер и селекторот Јулијан Нагелсман. Коментар даде и капитенот Илкај Гундоган.
„Тажно е што се прават вакви истражувања и што им даваме вредности. Ме мачи времето на објавување на анкетата. Зошто токму сега? Тие луѓе кои го направија тоа, го прават со некаква намера“, изјави Гундоган.