Веќе се најавува каде Аргентина и Шпанија ќе играат за трофејот „Финалисима“

by Стефан
1 минути читање

Репрезентациите на Шпанија и Аргентина ќе играат во „Финалисима 2025“, натпревар во кој играат победникот на Европското првенство и Копа Америка.

Засега нема точен датум, но натпреварот веројатно ќе се игра во јуни или јули следната година во САД, сепак официјална потврда се уште нема.

Шпанија до титулата на Европското првенство дојде со победата против Англија во финалето, додека Аргентина ја освои Копа Америка со триумфот над Колумбија по продолженија.

Во претходното издание на „Финалисима“, Аргентина беше подобра од Италија во 2022 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани