Ветеранот Коларов без тренерско искуство станува селектор?

by Стефан
1 минути читање

Српскиот ветеран, Александар Коларов би можел да стане нов селектор на младата српска репрезентација најавуваат медиумите во оваа земја.

Наводно, Фудбалскиот сојуз на Србија го чека само крајот на квалификациите во октомври за да го отпушти Љубинко Дурловиќ.

Информациите на „Информер“ говорат дека Коларов веќе е пред договор со луѓето во сојузот.

Ако се остварат најавите за Коларов ова ќе биде прв тренерски предизвик во неговата кариера. Во Србија веруваат дека можат да го добијат домаќинството за Европското првенство за млади во 2027 и доколку тоа се случи Коларов ќе има за цел да оствари што е можно подобар резултат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани