Француски Брест има ѕвезден старт на своето деби во Лигата на шампионите. Оваа екипа триумфираше на гостувањето кај Салцбург со убедливи 0-4 и дојде до два од два на стартот на елитното натпреварување.
Австријците не беа воопшто лоши, тргнаа добро и дадоа гол кој беше поништен. Потоа Сима донесе водство во првиот дел за Брест, а во продолжението Салцбург беше казнет за промашувањата. Погодуваа Камара во 66, Сима вторпат во 71 и Переира лаге во 75 минута од мечот за убедлива предност на Брест.
Нерешени 1-1 на „МХП Арена“ во Штутгарт одиграа домашната екипа и Спарта Прага. Со голот на Милот по асистенција на Мителштад Штутгарт поведе. Сепак, гостите од Чешка преку Каиринен израмнија, а до крајот мрежите мируваа.
Брест по две кола има шест бода, Спарта Прага е на четири, Штутгарт има еден, а Салцбург е на нула.