Брајтон им порача на фановите да не легнуваат рано, па го претстави рекордното засилување (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Брајтон во доцните вечерни часови го потврди новото засилување, тоа е 22-годишниот Жоржинио Рутер кој е купен од Лидс за 40 милиони фунти, што е рекорд за овој клуб.

Беше точно 22:24 часот кога Брајтон излезе со твит за своите фанови: „Не легнувајте уште малку“.

Потоа следуваше претставување на Рутер кој е рекорден трансфер за Брајтон. Клубот кој потроши многу ова лето.

Рутер е француски фудбалер, напаѓач кој минатото лето потпиша за Лидс од Хофенхајм за 36 милиони фунти.

Брајтон откако објави неколку постови со Рутер, повторно им се обрати на фановите: „Сега може да одите во кревет“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани