Фудбалерите на Жирона ја запишаа втората сезонска победа во Ла Лига, откако триумфираа на гостувањето кај големата Севиља и тоа релативно лесно со 0-2 (0-1).
Пресметката на „Рамон Санчез Писхуан“ му припадна на гостинскиот тим во Андалузија. Жирона се наметна и поведе преку Иван Мартин во првиот дел. Потоа тие добија и пенал, одговорноста ја презеде Абел Руиз и го реализира за конечните 0-2.
На овој натпревар првпат откако пристигна во Ла Лига минутажа не доби Бојан Миовски. Македонскиот репрезентативец беше резерва и веројатно тренерот сметаше дека нема потреба да го менува напаѓачот во оваа пресметка.
Инаку, Миовски откако дојде заигра на два натпревари. Како резерва дебитира проттив Атлетико Мадрид, а потоа беше во стартниот тим против Осасуна. Сепак, против Севиља не доби минутажа.