Не успеа Црвена Звезда да приреди изненадување на стартот од сезоната и во првиот натпревар претрпе пораз од Бенфика на свој терен со 1-2.
Се играше деветтата минута од натпреварот кога Актуркоглу донесе предност за гостите од Португалија. Звезда по тој гол како да се подразбуди и создаде неколку солидни прилики за гол, но не ги искористи.
На истекот на половина час, Кокчу од слободен удар го матираше Глазер кој во оваа ситуација беше гледач повеќе за 0-2. Со предноста од два гола Бенфика замина и на пауза.
Вториот дел донесе помирна игра, а Звезда во завршницата преку Милсон намали на 1:2. Во последните моменти виодвме и притисок на српскиот гигант, меѓутоа немаше реализирација за барем реми за Звезда.
Во вториот натпревар Леверкузен со четири гола во првото полувреме славеше убедилва победа од 0:4 против Феенорд. Фриц за германскиот шампион беше двоен стрелец, погоди и Грималдо додека Веленрутер си ја погоди сопствената мрежа.