Фудбалерите на Барселона делуваат застрашувачки и блескаат во сите натпреварување.
Тоа го потврдија и на гостувањето кај Црвена Звезда на „Рајко Митиќ“ со победа од 2-5 во четвртото коло на Лигата на шампионите. Со рутинска игра каталонскиот гигант даде пет гола во мрежата на домаќинот од Белград.
Со оваа партија Барселона сруши рекорд стар 74 години.
Имено, Барса успеа во првите 16 меча од сезоната да постигне дури 55 погодоци во сите натпреварувања. Тоа е најефикасниот старт на клубот уште од сезоната 1950/51 кога во исто толку натпревари имаше еден погодок помалку.
55 – @FCBarcelona has scored 55 goles in their first 16 games of a single season in all competitions for the first time in their history (overpassing 54 goals scored in 1950/51 under Ferdinand Daucik). Steamroller. 🌀 pic.twitter.com/pacKtNf18h
— OptaJose (@OptaJose) November 6, 2024