205
Екипата на Барселона влезе со финансиски проблеми и во актуелната сезона, но тоа не ги спречува фудбалерите да играат одлично и да победуваат.
Каталонците по четири одиграни кола се први во Ла Лига со максимални 12 освоени бодови. Посебно импресивни беа денеска кога го декласираа Ваљадолид со убедливи 7:0.
За Барселона овој триумф е највисок уште од заминувањето на Меси во 2021 година.
Последен пат Барселона постигнала седум или повеќе голови во 2018 година против Хуеска во триумфот од 8:2.